Понуда за претплата за 2026 година

Почитувани,
 
Од 01.01.2025 година во примена е новиот Правилник за начинот на водење сметководство, што значи дека сметководствената професија ќе се соочи со предизвик во краток временски период да ги примени МСС и МСФИ и да ги согледа ефектите од примената. Сметководството, како информациски систем, обезбедува поддршка од квалитативна и квантитативна природа за деловното одлучување, и најмногу доаѓа до израз при изготвувањето и презентирањето на финансиските извештаи, што претставуваат финален производ од сметководствениот информациски систем.
 
Даноците се јавен приход и претставуваат обврска што ја наложува државата кон граѓаните и претпријатијата, што задолжително треба да се издвои од добивката, прометот или имотот. Пресметувањето, пријавувањето и плаќањето на даноците го прават даночните обврзници што е обврска за навремено и точно пресметување на даночните обврски.
Најавените измени во даночниот систем, воведувањето на систем за електронско фактурирање но и измени во контниот план и билансните шеми уште повеќе ја зголемуваат потребата од професионално усовршување, навремено информирање и прилагодување на промените во сметководствената и даночната сфера.
 
Најдобриот начин за успешно справување со овие предизвици е  стручната едукација на Вашите вработени како преку стручна литература така и преку советувања (обуки).
 
Вашата подршка и нашата определба да допринесеме во намалувањето на трошоците за стручна едукација, во подигнувањето на степенот на знаење а придржувајки се кон професионалните стандарди за стручност, правевме и правиме напори да понудиме услуги кои ќе одговараат на Вашите потреби.
 
Врз основа на долгогодишното искуство во овие области со издавање на стручно списание, одржување на семинари и КПУ како и даночен и сметководствен консалтинг, а со цел да помогнеме да се стекнат потребните знаења од овие области и да го заштедиме Вашето скапоцено време и пари, а најмногу од се да ја покажеме нашата определба да ја споделуваме судбината со Вас одлучивме и во услови на постојан раст на цените да дадеме понуда прилагодена на потребите и можностите.
 
Понуда за претплата за 2026 година
  • 12 броја месечно списание “Сметководство Финансии Даноци, со теми од областа на даноците, сметководството, финансиите и правната проблематика, обработени од практичен и теоретски аспект, со цел на читатителите  да им  овозможи полесно постапување во одредени ситуации кои се јавуваат во нивното работење (списанието ке Ви биде достапно во електронска форма и ќе го добивате по е-маил);
  • телефонски консултации секој работен ден од 08-15 часот, а за време на изготвување на годишните сметки и финансиските извештаи до 20 часот;
  • непосредни консултации во просториите на СФИД;
  • бесплатен програм за изработка на годишната сметка-финансиските извештаи                 (Извештај за финансиската состојба – биланс на состојба, Извештај за добивката и загубата – Биланс на успех, Извештај за сеопфатната добивка и белешки кон финансиските извештаи);
  • прирачник за изготвување на годишна сметка за 2025 година во електронска форма;
  • неограничен пристап на Веб страната www.sfid.мк (бази на податоци и показатели за месечни податоци за износи на надоместоци, уплатни сметки, шифри за плаќање, курсни листи, затезни камати,странски дневници,цени на горива,како и користење на апликативните програми за пресметка на персонален данок за сите видови приходи).
  • одговори по е-маил на Ваши поставени прашања, како и доставување на останати потребни информации преку директна електронска комуникација;
  • со претплатата се стекнувате со 4 (четири) часа по основ на претплата кај акредитирана консултантска куќа за КПУ ( 1 претплата = 4 часа);
Дополнително во претплатата за 2026 година вклучуваме и 12 on line средби во траење од  по 90 минути (последната недела на месецот)!!!!
+
попуст за услугите кои не се опфатени со оваа понуда (застапување во даночна постапка, изработка на инвестициони програми, финансиска анализа, устројување на даночна евиденција, имплементација на МСС и МСФИ во друштвата).
 
 Цена 11.130,00 денари со вклучен ДДВ;
           
НАПОМЕНА: Понудата важи до 31 декември 2025 година, до кога треба да биде подмирена обврската за плаќање на претплатата. Од 01.01.2026 година цената ќе изнесува 14.280,00 денари.
 
Скопје, Ноември 2025 год.                                                                           Со почит,
 
 
 
 
                                                                                                                       
Друштво за даночен и сметководствен консалтинг
СМЕТКОВОДСТВО ФИНАНСИИ И ДАНОЦИСФИД доо Скопје
#
 
ПОТВРДА ЗА ПРЕТПЛАТА ЗА 2026 ГОДИНА
Со оваа потврда се обврзуваме за претплата која за 2026 год. вклучува (претплата на списанието +    телефонски и непосредни консултации + пристап на ВЕБ страни +  е-маил комуникација + програм за изработка на финансиските извештаи + 4 КПУ часови + 12 on line средби). Уплатата од 11.130 денари со вклучен ДДВ, ќе ја извршиме најдоцна до 31 декември 2025 година на с-ката на СФИД доо Скопје,300000000125554 -Комерцијална банка.
Порачката ја извршил:
____________________________________________         ________________________________________
   назив на правното/физичкото лице                                             улица, број, поштенски фах и место
_______________________________________               __________________________________________
                      Е – маил                                                                     име и презиме на нарачателот
                      _____                                     _______________                              _____________
                       печат                                          потпис                                             телефон
Напомена:
Пополнетиот купон испратете го на адреса: “СФИД” доо Скопје,  ул “Париска”  бр 22-7, п.ф. 855, 1000 Скопје или на една од нашите е-маил адреси: www.sfid.mk E-mail: sfidkontakt@gmail.com или по извршената уплата контактирајте со нас на телефонските броеви 070 621 455, 02/3237-066 и 3216-247.
                           
Ви благодариме за Вашиот избор