Понуда за претплата за 2024 година за 9.450,00 ден. со ДДВ

Почитувани,

Пред нас е уште една година полна со неизвесност но и професионални предизвици кои новата реалност ги наметнува. Од овие причини сметководствената професија има уште поголема потреба од навремени и точни информации за измените во законската и професионалната регулатива но и континуирана професионална едукација, како најдобар начин на постојано стручно усовршување, а се со цел за надградба на теоретските и практичните знаења и вештини. Најдобриот начин за успешно справување со овие предизвици е стручната едукација на Вашите вработени како преку стручна литература така и преку советувања (обуки).

Нашето 25-годишно искуство во едукација од областа на сметководството и даноците преку издавање на стручно списание, одржување на семинари и континуирано професионално усовршување како и даночен и сметководствен консалтинг, Вашата долгогодишна подршка и нашата определба да допринесеме во намалувањето на трошоците за стручна едукација, во подигнувањето на степенот на знаење а придржувајки се кон професионалните стандарди за стручност, правевме и правиме напори да понудиме услуги кои ќе одговараат на Вашите потреби.

Во 2024 година, СФИД ќе се организира он лине советувања (webinar), исто така ќе организираме советувања за професионално усовршување со непосредно присуство, на теми кои ќе бидат прилагодени на актуелните состојби и потребите кои се наметнуваат пред Вас. Исто така ќе бидат организирани и он лине работни средби на кои ќе биде одговарано на Ваши прашања.

Со цел да помогнеме да се стекнат потребните знаења од овие области и да го заштедиме Вашето скапоцено време и пари, а најмногу од се да ја покажеме нашата определба да ја споделуваме судбината со Вас одлучивме и во услови на постојан раст на цените , составивме понуда прилагодена на потребите и можностите на друштвата за сметководствени работи и другите компании.
 
Понуда за претплата за 2024 година за 9.450,00 ден. со ДДВ
 
ЗАБЕЛЕШКА: Понудата важи до 31 декември 2023 година, до кога треба да биде подмирена обврската за плаќање на претплатата. Од 01.01.2024 година цената ќе изнесува 12.075,00 денари

Скопје, Ноември 2023 год.

Со почит,
Друштво за даночен и сметководствен консалтинг
СМЕТКОВОДСТВО ФИНАНСИИ И ДАНОЦИ “СФИД” доо Скопје