СОВЕТУВАЊЕ/ОБУКА (WEBINAR) на 28.11.2024 ГОДИНА

СФИД ДОО Скопје друштво со одобрение за спроведување на КПУ под надзор на ИСОС на 28.11.2024 година, спроведува еднодневно on line (webinar) КПУ (8 часа) согласно програмата за Континуирано професионало усовршување за 2024 година со следните теми
 
тема КПУ часови предавач
Сметководство – МСС/– МСФИ
  • Подготвителни работи за изготвување на годишна сметка за 2024 година:
  • Попис:
- пописот како сметководствен инструмент;
- правна регулатива на пописот;
- организација и извршување на пописот;
- усогласување на фактичката со сметководствената состојба;
- сметководствено евидентирање на резултатите од пописот (кусок, вишок);
- сметководствено евидентирање  на расходите – практичен осврт на сметководствените и даночни аспекти а особено на исплатите на: надоместоци на трошоци за вработените и надворешните лица, бонуси - награди за вработените и исплата на хонорари и договори за дело, закупнини и лизинг, реклама и маркетинг, подароци, репрезентација, донации и спонзорства, премии за осигурување и доброволни придонеси, камати и курсни разлики, вредносни усогласувања на средствата.
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
2 Славче Николовски
10,00 – 10,40
Златко Митревски
10,40 - 11,20
  • Сметководство кај поврзани лица
  • Идентификување на лицата кои се сметаат за поврзани
  • Сметководство кај поврзани лица
  • Практичен пример
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
1 Славче Николовски
11,20 - 12,00
  • Трошоци за позајмување (оддел25) и МСС 23
  • Основен принцип, делокруг и дефиниции
  • Признавање
  • Капитализација на трошоци за позајмување (почеток, прекин и престанок на капитализација)
  • обелоденување
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
1 Златко Митревски
12,00 - 12,40
Даноци и даночен систем
  • ДДВ во фактури за извршени услуги од нерезиденти
  • Примена на член 32 точка 4
  • Практичен пример
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
  • ДДВ во постапка на присилна наплата
  • Настанување на даночен долг во постапка на присилна наплата
  • Пренесена даночна обврска
  • Практичен пример
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
1
 
 
 
1
Златко Митревски,
13,00 - 13,40
 
 
Славче Николовски
13,40 - 14,20
Организациски и деловни знаења
  • Закон за нефер трговски практики
  • Дефинирање на нефер трговски практики
  • Договор согласно одредбите на законот (задолжителни елементи)
  • Раскинување на договорот и надомест на штета
  • Дискусија и одговори на поставени прашања
1 Љупчо Брламов
14,20 – 15,00
Етика, професионална компетентност и професионално однесување
  • Општа примена на кодексот
1 Златко Митревски
15,00 - 15,40
 
Регистрација на учесниците на 28 Ноември  2024 од 9 до 10 часот.
 
Времетраење на обуката:
од 10 до 15,40 часот, времетраење на 1 КПУ час 40 минути
пауза од 12,40 до 13,00 часот
 
Едукатори: Златко Митревски, Славче Николовски и Љупчо Брламов.
 
Ве молиме пополнетата пријава за учество во excel формат доставете ја електронски на нашиот      e-mail: kontakt@sfid.mk или sfidkontakt@gmail.com, најдоцна два (2) работни дена пред одржување на обуката за КПУ.
 
Надоместокот за КПУ бр.3/2024 обезбедува (присуство и работен материјал со прирачник) за еден учесник и изнесува 2.360 денари (со вклучен ДДВ од 18%), а се уплаќа најдоцна еден (1) ден пред почетокот на обуката за КПУ.
 
Назив на примачот : СФИД доо Скопје
Жиро сметка на примачот: 300000000125554 – Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: Уплата за КПУ-2/2024 за (име на учесникот на КПУ)
Повикување на број: (број од издаденото уверение за ОС/С од ИСОС)
 
За дополнителни информации во врска со обуката обратете се во СФИД  доо Скопје на тел. 02/3237-066, 3216-247 или 070/221-037,070/250-636.
 
 
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШИОТ ИЗБОР