Актуелно

измени во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

Измени на стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување при исплата на плата за јули до декември 2026 година
Почитувани,

Во Службен весник број 148/2026 од 06.07.2026 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Измените во законот се во делот на стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите односно, односно  за периодот од исплата на платата за јули до декември 2026 година, стапката за пензиско и инвалидско осигурување се зголемува од 18,8% на 19,9%, а стапката за осигурување во случај на невработеност се намалува од 1,2% на 0,1%, без промена на вкупната стапка на придонесите (28%).
Покрај ова, се врши привремена измена на стапката на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување за стажот на  осигурување што се смета со зголемено траење и тоа:
  • 9,95% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци,
  • 8,29% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци,
  • 6,63% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци,
  • 4,98% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци,
  • 3,32% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци и
  • 1,66% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци.
Според законските измени, УЈП ќе ја прави пресметката на придонесите за самовработени лица кои данокот го плаќаат по паушално утврден нето-доход, со што се намалува административниот товар за оваа категорија обврзници.
Се воведува можност странци со регулиран престој да пристапат кон задолжително здравствено осигурување, како и обезбедување пристап до здравствено осигурување за лица под привремена заштита.